Со задоволство највувам дека на 25 октомври, в недела, ќе се одржи дигитален конгрес на СДСМ. За прв пат во нашата земја, тоа ќе го направи најсилната, најдинамична и најотворена демократска партија – СДСМ“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

На прес-конференција Николовски рече дека таквата одлука е резултат на новата нормалност, грижата за здравјето на граѓаните, делегатите, гостите и медиумските работници.

На овој дигитален Конгрес ќе биде даден отчет за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот четиригодишен мандат, даден од граѓаните. Како современа партија која постојано се менува, ќе разговараме за измени и дополнувања на Статутот на СДСМ, за уште поголема демократизација на партијата за зголемување на директната внатрепартиска демократија, зајакнување на положбата и учеството на жените и младите и процесите на одлучување”, рече генералниот секретар.

Николовски рече дека за прв пат во историјата на земјата изборот на лидер на СДСМ ќе се спроведе на директен начин, преку внатрепартиско гласање на слободен, непосреден, фер и демократски начин, согласно меѓународните социјалдемократски стандарди.

Преку низа конкретни примери СДСМ покажа дека знае да се менува на подобро, во интерес на граѓаните, во интерес на државата, во интерес на демократијата”, изјави Николовски.