Реакција од СДСМ за потегот на ратеникот Антонио Милошоскикој  ја пречкрта придавката „Северна“ на акредитацијата во Стразбур.

Антонио Милошоски е истиот оној кој целата јавност го слушна како тајно преку телефон преговараше ново име на државата, како за него е прифатливо ,,сложено име, посложено здравје” и дека нема проблем да биде Горна, Долна Македонија, во заграда или без заграда Вардар, пред или по Република. Милошоски е дел од матрицата на лаги, лицемерие и лажен патриотизам, истата матрица на која и припаѓа и Сиљановска која наутро зборува едно, а попладне друго“, се наведува во реакцијата.