Конгресот на СДСМ на кој ќе биде избран кандидатот за претседател на државата ќе се одржи на 3 март, најави Александар Кирацовски.Тој додаде дека вечерва на состанокот на Централниот одбор ќе се разгледуваат сите предности и недостатоци околу можноста заедно со претседателските избори да има и предвремени парламентарни избори.

За одлуката, како што нагласи ќе се водат од тоа дали се во интерес на државата а не првенствено на партијата.