Од денеска (1 декември 2018) на граѓаните на Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта, информираат од МНР.

Со оваа новост, македонските државјани сега само со лична карта можат да патуваат сè до границите на Хрватска, односно само со овој документ може да се влезе на териториите на Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и БиХ.

Документот го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава.