СДСМ денска попладне ќе одржи Централен одбор на кој се очекува да стане збор за најавените разрешувања. Како што се договорија на последната лидерска средба со коалицискиот партнер Али Ахмети, двајцата лидери треба да направат консултации во своите редови пред да излезат со конкретни имиња.
Заев не сака да открива имиња на министрите кои ќе ги зафати „метлата“ но затоа ги смени претседателите на сите општински организации.
Во ДУИ се многу порелаксирани и не најавуваат дека би промениле нешто во своите редови и оти последниот збор го има лидерот Ахмети.
Според најавите, реконстукцијата на владата би се случила во првата половина од јуни по што изборот на Заев треба да оди на гласање пред пратениците.
Comments are closed for this post.