Пратеникот Самка Ибраимовски, до Собранието поднесе предлог резолуција за промени и подобрување на положбата на Ромите.

Ибраимовски нагласува дека Ромите се најранливото малцинство во земјата и се соочени со институционална дискриминација и социјални предрасуди.

Подобрувањето на условите за домување е еден од најголемите проблеми во државата. Дваесет и осум проценти од Ромите живеат во сиромашни населби и често немаат формална регистрација. Исто така, здравјето на оваа популација се карактеризира со повисока стапка на хронични заболувања и пократок животен век. Затоа е потребно да се донесе ваква резолуција која ќе укаже на проблемите – објасни пратеникот.