Боки 13 има 36.000 следачи на социјалните мрежи и воопшто не може да се каже дека е влијателен, истакна обвинителката Вилма Рускоска во завршните зборови.

Тие следачи можат да бидат од разни причини, а не оти тој бил влијателен и оти некој би сакал да купи некое парче бидејќи го носел Боки. Ајде да бидеме сериозни , рече Рускоска.

Според неа, кај Боки воопшто не нашле покани за модни ревии во странство туку само благодарници од луксузни продавници за тоа колку пари оставил кај нив.