Рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе предупреди дека Русија може да ги отповика амбасадорите на Македонија, Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со Лавров.
„Мислам дека реакцијата треба да биде најостра, бидејќи спречија висок функционер на нашата земја да ја изврши својата дипломатска должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјави тој за РИА Новости. Тој предвиде дека би можело да дојде до прекин на дипломатските односи меѓу Русија и трите земји, но, коментирајќи ја можноста за отповикување на амбасадорите, рече: „Тоа е прилично веројатно“.
Се најавува дека Русија ќе ј запре испорката на гас за трите земји кои го затворија воздушниот простор за авионот на Лавров да стигне во Белград на средба со Вучиќ.
Comments are closed for this post.