Германскиот министер за Европа Миахил Рот во својата колумна во весникот Велт, очекува поддршка и од новата американска администрација за придвижување на западен Балкан кон Европската унија.
Рот и порача на Софија дека не може да го држи во заложништво проширувањето.
Изборот на Џо Бајден за нов американски претседател нуди шанса за нов, заеднички, засилен ангажман на ЕУ и САД на западниот Балкан, пишува Рот . Албанија и Македонија, на својот пат кон ЕУ постигнаа многу, исполнија една амбициозна реформска агенда и не дозволија да бидат сопрени од разни пречки. Со решавањето на спорот за името со Грција, Македонија испиша историја во вистинската смисла на зборот, пишува Рот. Сега мора во најкус рок да се одржат меѓувладините конференции со двете земји, откако ќе се исполнат условите. Германија силно се заложи за тоа во рамките на своето претседавање со ЕУ.
Тој порачува дека „ЕУ мора да си го исполни ветеното и да испорача“, и дека Бугарија не може да ги наметнува своите билатерални барања на европско ниво.
Comments are closed for this post.