Откако Скендер Бузаку објави дека од утре тој ќе биде поглавар на ИВЗ на местото на Сулејман Реџепи,повикувајќи на одлуката на  Основиот суд, со став излезе и Ријасетот велејќи дека за нив токму Реџепи е легитимен претседател.

Ние како исламска заедница сме зачудени од вакви типови на скандали кои се случуваат во оваа институција која е уставна категорија. Ова е резултат на нефунционирањето на правдата во државата. Реџепи нема поднесено оставка, а дури и да има крајниот збор го има ријасетот на ИВЗ кој има право и да ја одбие.Тој ќе ја врши функцијата се додека ја има довербата од ријасетот на ИВЗ-истакна Мухамед Вејсели, член на Ријастетот.