„Антикризните“ мерки на владата предводена од СДСМ и ДУИ се задоцнети и нема да бидат доволни за пребродување на кризата. Овие мерки нема драстично да им помогнат на компаниите ниту ќе го подобрат стандардот на граѓаните, децидни се во тврдењата од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија ја критикува власта дека ѝ биле потребни 12 дена за да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ на основните прехранбени продукти и намалувањето на акцизата на нафтените деривати.

Иако Ковачевски, Пендаровски и целата влада знаеле уште пред 4 месеци дека не очекува криза, тие не мрднале ниту со прст за носење на мерки кои ќе ја спречеа оваа економска криза. Власта не сака да се откаже од непродуктивните трошења, како и од луксузирањето за да им помогне на граѓаните и компаниите. Додека Ковачевски на социјалните мрежи се фали за својата неспособност и неработа, цените во маркетите од ден на ден се зголемуваат, а граѓаните едвај преживуваат. Изминативе недели ги гледаме истите слики во продавниците, бензински пумпи како во времето на транзицијата во 90-тите години од минатиот век. Последиците од транзицијата беа илјадници граѓани кои останаа без работа, како и стотици затворени фабрики, граѓаните гледаат реприза на случувањата од 90-тите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.