Мене „Рекет“ ми личи на унгарски гулаш подготвен во Белата палата, со лице од странство. Дајте шанса на обвинителството да ја заврши истрагата. Направивме се за да добиеме датум за ЕУ, а тоа на ВМРО-ДПМНЕ им е најмногу криво, изјави од собраниската говорница пратеникот на владејачката НСДП, Горан Мисовски.

Тој на собраниската седница за избор на новите министри и нивни заменици му реплицираше на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој во својот настап изрази сомнеж дека во случајот „Рекет“ е вмешана и власта.

Реплицирајќи му на Мисовски, Мицевски одговори  дека нему „Рекет“ повеќе му личи на ајвар алудирајќи на замешаност на функционери од власта.

Ова мене ми личи на ајвар „Мамас“, повеќе супстанци измешани и кога ќе се праша кој учествувал во правењето не може да се види што има внатре, па експерти од Италија требаше да се вмешаат да видиме кој е замешан, рече Мицевски.