Министерството за надворешни работи, денес и утре го организира годишниот Амбасадорски совет, кој оваа година е тематски посветен на европската перспектива на Македонија, а како клучно прашање се наметна случајот „Рекет“. Прашањето е дали овој мега скандал ќе влијае на добивањето препорака за почнување преговори во октомври или не.
Случајот „Рекет“ не е бенчмарк, а нема ниту да биде до октомври, ако државните органи продолжат со овој досега соодветен начин на третирање на случајот. Според реакцијата на државата и на системот досега, нема ни да биде. Но, ако во наредниот период не продолжи со темелна и ефикасна истрага, тоа може да стане, рече претседателот на државата Стево Пендаровски на прашањето од МИА.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на истото прашање потенцира дека не може да каже оти „Рекет“ е бенчмарк или дека е услов.
Меѓутоа колку повеќе одиме по добриот пат и во однос на истрагата, тоа ќе биде од помош и поддршка на напорите на нашите дипломати и државниот врв да обезбеди позитивна одлука во октомври“, рече шефот на дипломатијата.
Инаку, целта на дводневниот собир на амабсадорите кои се акредитирани во земјите на ЕУ е да се направи координиран пресек на досегашните и да се допрецизираат следните чекори и конкретни, фокусирани дипломатски активности во пресрет на одржувањето на Европскиот Совет во октомври, кога се очекува да биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ.
Министерот Димитров денес истакна дека и донесувањето на Законот за јавно обвинителство и целосно расчистување на истрагата „Рекет“ се клучот по кој земјите членки на ЕУ ќе одлучуваат за нашата иднина.
Comments are closed for this post.