Претседателскиот кандидат Блерим Река од Тетово на последниот митинг во рамки на неговата кампања побара гласачите масовно да гласаат без разлика на која партија припаѓаат. Порача дека гласовите на сите ќе ја направат Северна Македонија мултиетничка и евроатланска.

„Пишуваме историја за една Република за сите, со законот над сите. За Републиката каде владее правото, а не поединецот. Против заробената, приватната и правна држава, против корупцијата, непотизмот и селективната правда. Посебно против трговијата со гласови“, рече Река.

Тој им порача на политичките опоненти дека залудно се занимаваат со него и дека гласачите ќе ги победат во недела.

„Ова ваше присуство е најубедлив одговор кон тие што овие денови со говор на омраза најавуваа погреби и се бавеа со починатите од мојата фамилија. Но вечерва нема да се занимавам со нив, затоа што гласачите ќе им одговорат најдобро во недела. Заедно со вас финишираме кон патот на победата“, потенцираше Река.