Оркестрираниот напад кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој доаѓа од владината Телма воопшто не е случаен.Тој доаѓа во период кога рејтингот на Зоран Заев и неговите клучни министри е во пад, особено по сите афери што се случија во првите сто дена од старо-новата влада, анализира „Пресинг ТВ“.

 

Вето од Бугарија и ЕУ, рекордите по смртност од корона, укинувањето на историјата, пропаѓањето на банка, влегувањето во рецесија… Сите овие работи се случија за само три месеци и практично немаше ден без некој скандал.

Токму затоа власта си нарача анкета во Телма, на која нормално е дека Зоран Заев ќе има најголем рејтинг a СДСМ партија со најголема поддршка.

Но, дури ни Телма не може да ги скрие катасторфалните резултати на владата во првите 100 дена. 35 проценти од испитаниците ја оцениле работата на владада со единица.

Затоа задачата на власта е да го прикаже Мицкоски дека има низок рејтинг, а всушност оние на кои им паѓа поддршката кај граѓаните се Заев и министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот Никола Димитров.

(фото: Влада на РМ)

Очигледно е дека Заев полека се дистанцира од довчерашниот шеф на дипломатијата Димитров. Ова особено доаѓа по непочнувањето на преговори со ЕУ, иако токму тие двајца неколкупати се пофалија дека датум сме добиле и дека преговорите само што не почнале.

Дополнително, Димитров дискретно е тргнат од преговорите со Бугарија и наместо него, сега со Софија преговара Владо Бучковски.

Покрај Димитров, пад на довербата кај граѓаните има и министерот за здравство Филипче.

Ако на почетокот на коронаа кризата тој не се симнуваше од телевизија и изигруваше и портпарол и министер и лекар, сега него воопшто и да го нема во медиумите. А како и да го има, кога Македонија не се симнува од врвот на починати и на заразени од корона, а наместо да обезбеди вакцина чека милостина од Бугарија да им даде од тие што ќе останат.

Затоа преку анкети сакаат да се спаси она што може да се спаси, бидејќи револтот кај граѓаните е огромен. Но, делата секогаш се посилни од бројките, посебно ако се штелувани како во примерот со Телма.