Во вчерашното издание “Тешки муабети” на Инфомакс порталот гостин е претседателот на најголемата опозициона политичка партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој истакна дека сега во моментот не се потребни политички циркузантски акробации, затоа што тоа би било само на штета на Македонија.

Власта ги носи законите, вака или онака, со европско знаменце, по скратена постапка и против тоа опозицијата мора да се бори со разум. -Како што помина ратификацијата на Охридскиот договор, така помина и овој закон за Макпетрол. Толку може процедурално, кога доаѓа по скратена постапка. Тој дојде со европско знаменце и три дена е процедурата. Ако некој мисли дека нашите пратеници таму ќе се степаат и боксови ќе летаат и ќе се спреши таа работа – не. Ако некој мисли дека сега ќе излезе за да добие поен плус и дека ќе добие процент плус, ќе каже јас ако дојдам ќе спалам се, не е баш така. Напротив. Тој што тоа го зборува, директно влијае негативно на имплементацијата на тој договор. Зошто. Затоа што ги уништува шансите еден ден понатаму да се ревидира тој договор. Секој оној амбициозен циркузант во политиката, кој што тврди такво нешто, треба да е свесен дека на тој начин директно ги поткопува позициите на Македонија за да еден ден сето тоа се корегира. Затоа е многу важно сега да не се испушти таа шанса, затоа што ловците на адреналин во политиката, а во суштина мачиња во душата, ги загрозуваат перспективите на милиони граѓани на Македонија во земјава и во странство, истакна Мицкоски.