Претседателот на РКЕ денеска на прес конференција посочи дека донесена е одлука просечната цена на електричната енергија да се зголеми за 7,4 %.

Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства 17,74% наместо за сегашната 7,4% за 98,8 од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории – изјави Бислимовски.

Според него, новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ДОО Скопје кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка кои ќе плаќаат поскапа електрична енергија.

Сметките во зима:

59,9% ќе имаат покачување од 6,6%
35,5% ќе имаат покачување од 6,7% до 8,8%
3,4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11,2%
1,2% ќе имаат покачување од 11,4% до 99,5%