Министерството за надворешни работи на Бугарија е изненадено од бројката на лица кои се изјасниле како Бугари на пописот во земјава. Од таму велат дека со резерва ги земаат презентираните резултати, како и сомневањата за кредибилитетот и транспарентноста на процесот што ги истакнаа организациите на Бугарите во Македонија.
Забележуваме драстична неусогласеност меѓу презентираните податоци и бројката од над 100.000 граѓани на С. Македонија кои лично поднеле документи со кои се докажува бугарското потекло и самосвеста за добивање на бугарско државјанство. Ги имаме во предвид и сомнежите за транспарентноста и кредибилитетот на процесот што ги истакнаа организациите на Бугарите во Северна Македонија, како за време на пописот, така и при објавувањето на резултатите. Очекуваме нивниот глас да допре до македонските власти, соопшти бугарското МНР.
Бугарија во повеќе наврати го истакна огромното значење на условите за слободна самоидентификација на лицата со бугарска самосвест во РС Македонија и гарантирање на нивните права, се додава во соопштението на бугарското МНР.
Comments are closed for this post.