Во изминатите 4 недели има константно зголемување на бројот на заразени од коронавирус. Само вчера потврдени беа 1.293 новозаразени од 4.094 тестирања, што е 31 отсто.

Во моментот активни се 12.819 случаи на заразени со ковид-19 во целата држава. Во болниците се хоспитализирани над 1.000 пациенти со комликации од вирусот, а има 280 празни кревети во ковид-центрите.

„ Притисокот во Скопје е голем, правиме систем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се ковид-центри“, нагласи министерот за здравство, Венко Филипче.

Засега, сепак, нема да се воведуваат нови ограничувања, а на сила останува забраната за движење од 22 до 5 часот.

Како што посочи министерот, состојбата не бара воведување посторги мерки, но постојано ќе се следи и следната недела Комисијата пак ќе има состанок кога ќе одлучи дали ќе има потреба од рестрикции.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.