Собранието нема да се собира повторно ако до распуштањето не се ратификува Протоколот за членство во НАТО.

Претседателот на Собранието Талат Џафери останува на став дека распуштено Собрание не може да се враќа назад и оти со тој чекор мандатот го враќаат кај граѓаните.

Според него, ако не стигне овој, нема да биде никаков проблем протоколот да се ратификува и во следниот парламентарен состав бидејќи за членството на НАТО постои партиски консензус.

По распуштањето Собранието може да се собере само во вонредни околности-потсетува Џафери.

Сепак Спикерот изрази надеж дека Шпанија во текот на јануари ќе го ратификува Протоколот за наше членство во НАТО.

Собранието треба да се распушти на 11 февруари на 60 дена пред изборите на 12 април. Сепак, Џафери се надева дека дотогаш Шпанија како последна земја ќе успее во нивниот Парламент да го усвои Протоколот за да има време тоа да го стори и нашиот.