Пратеникот од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Зекир Рамчиловиќ нагласи дека на вчерашната средба со лидерот Христијан Мицкоски не навлегле во конкретни разговори за отворените прашања, но оти имаат јасен став околу преговорите кои се водат за Законот за јавно обвинителство.

Стоиме на ставот дека за ваков закон кој е донесен од најголемите политички партии навистина е потребен консензуз и верувам дека можеме да изнајднеме и оти до толку имаме државотворен капацитет за најважните прашања да успееме да се договориме – објасни пратеникот.