Претседателот на Бугарија, Румен Радев, одговарајќи на новинарско прашање за односите со Македонија истакна дека Скопје не ја научило лекцијата од лани да не лобираат во земјите членки во ЕУ или во европските институции со цел да го покријат недостатокот на реформи во земјата.

-Скопје треба да си ја научи лекцијата за ЕУ. Гледам дека пак се враќаат на истиот пат пред преговарачката рамка, да лобираат кај членките на ЕУ, пред европските институции, со тоа да ги покријат недостатокот на реформи, нарушувањето на човечките права и неспремноста за почеток на преговори. Тоа не е вистинскиот пат. Бугарија ќе продолжи да работи со сите институции во Брисел, со нашите европски партнери така што решенијата за Македонија да не се засноваат на лобирање кое ги прикрива недостатокот од реформи и непочитувањето на правата, истакна Радев од Софија.