На Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ кој се уште е во тек е донесена одлука дека партијата останува на ставот кој претходно го соопшти лидерот Христијан Мицкоски за исполнување на трите услови неопходни за распишување на избори.

Потпретседателот Александар Николовски нагласува дека целата референдумска постапка била фалсификат и дека резултатот од гласањето не го признаваат.

Тој упати порака до власта да престане со шиканирањето и бркањето од работа на сите кои одлучија да гласаат против или да не гласаат на референдумот, бидејќи сето тоа го документирале и ќе преземат мерки.

 

Извршниот одбор ги прифати следните заклучоци:

– Да се формира анкетна комисија која ќе ги истражува сите нерегуларности кои се случија на референдумот.

-Разрешување на Јавниот обвинител кој замижува пред криминалот кој се случи пред за време и по референдумот и избор на нов обвинител на предлог на опозицијата

-Ако Заев има намера да распише избори ќе го победиме.Потребно е уште веднаш да се почитува договорот каде што ќе се формира техничка влада според пржинскиот модел со мандат од 100 денови. Тоа значи оставки на Заев, Спасовски и Царовска и наши министри 100 денови.Само тоа ќе е предуслов за колку толку фер избори-нагласи Николоски.