префрлање на топката

Првата антикорупционерка не гледа вина во Комисијата, туку во пресудата на Управниот суд



Кабинетот на поранешниот претседател поднесе тужба за ДКСК пред Управниот суд. Доколку тој суд не е надлежен, требаше да го отфрли предметот, изјави денеска првата антикорупционерка Билјана Ивановска пред промоцијата на првиот квартален извештај во рамки на проектот „Следење на работата, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на ДКСК“.

Таа појасни дека ДКСК нема покренато постапка пред Управен суд за именувањата, односно указите направени од страна на поранешниот претседател на државата и врховен командант Ѓорге Иванов за време на изборниот процес. Според неа, ДКСК констатирала оти претседателот Иванов за време на изборниот процес го прекршил Изборниот законик и извршил именувања, за што во истиот законик е пропишана прекршочна казна.

Донесовме одлука дека претседателот на државата согласно Изборниот законик треба да плати за таа прекршочна постапка, изјави Ивановска.

И токму тука е основниот проблем, што Ивановска се обидува сега да го припише на Управниот суд и на „погрешна перцепција“ на новинар (односно, моја лична перцепција-л.з.). Зашто, според бившата судијка во Врховниот суд, Милојка Калкашлиева, претседателот на државата и врховен командант е уставна, а не управна категорија и оти Управниот суд не бил надлежен да одлучува, туку Уставниот суд. Или, доколку претседателот на државата прекршил некој закон, за тоа треба да одлучува Уставниот суд.

Со оглед дека во конкретниот случај бил наводно прекршен Изборниот законик, значи дека антикорупционерите си земале надлежност, што не им припаѓа, па побарале Иванов да плати прекршочна казна на што тој, нормално, реагирал. Прашање е зошто ДКСК и околу ова не постапила како што постапи во однос на привилегиите на поранешните претседатели, па наместо да носи одлука за прекршочна казна, да побара Уставниот суд да одлучува околу постапката на екс-претседателот Иванов.

Ивановска укажа дека Управниот суд ја известил ДКСК за тужбата поднесена од Иванов, на што од Антикорупција, како што рече, дале одговор зошто донеле таква одлука. Одлуката на ДКСК била отфрлена од страна на Управниот суд затоа што, како што појасни претседателката на Антикорупција, во ДКСК не го повикале Иванов да дојде да се изјасни и за други формални причини.

Затоа одиме понатаму на Вишиот управен суд. Тој предмет ДКСК го има отворено по сопствена иницијатива, ние немавме обврска таа одлука да ја доставуваме до поранешниот претседател Иванов, изјави таа.

Наспроти целиот оптимизам на Ивановска, сепак останува отворена дилемата дали на овој начин не ја промовира Комисијата во нешто што никој не очекува да биде-ем кадија што тужи, ем кадија што суди!


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија, а од 1 септември пуштена во сообраќај

пред 15 часа
Македонија

Мицкоски: СДСМ е жестоко вклучена и делува како општинска организација на некоја од партиите кои се борат на изборите кај нашиот источен сосед

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

пред 2 дена
Македонија

Пендаровски тргна против Филипче

пред 2 дена
Македонија

Обвинителот Цветановски повторно на функција: Очекувам новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи

пред 3 дена
Македонија

Ахмети пиша писмо: Албанскиот јазик бил темелот на државата

пред 4 дена
Македонија

Стефановски: САД нема да излезат од НАТО, но очекувам да замрзнат дел од финансиите

пред 4 дена
Македонија

Си поднесе оставка: Ленче Ристовска веќе не е обвинител

пред 4 дена
Македонија

Дали Дака му дал 300.000 евра на Заев а тој ги искористил за промоција на референдумот за името?

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: Само дома си е дома

пред 4 дена
gamdomCasibommarsbahis girişMarsbahisJojobetJojobet Giriş