Иванна Хаџиевка која до пред извесно време беше во протоколот на премиерот Зоран Заев повеќе не ја извршува таа функција туку е советник за меѓународна политика, велат од Владата.

Советничката Иванна Хаџиевска Кошевалиски не е разрешена туку има промена во делокругот на нејзиниот ангажман. Таа е ангажирана како советник за меѓународни односи и соработка со меѓународни и домашни организации. Лице задолжено за протокол во кабинетот на премиерот е Елена Ласло – велат од Владата за Пресинг ТВ.