Со оценката дека „антибугарскиот македонизам се појавува во својата најгруба форма, денес е пласирано интервјуто со поранешниот претседател на Бугарија, Георги Прванов. Тој на чело на бугарската држава беше од 2002 до 2012 година, кога Бугарија практично ја заврши работата за приемот во НАТО и во ЕУ, но, сепак, со поддршка и од Македонја која не отвори ниту едно пороблематично прашање. А можеше да го отвори прашањето со македонското национално прашање.

Но, тоа е сега прашање повече за домашни анализи.

Во интервјуто за „24 часа“ Прванов, поранешен член на Бугарската социјалистичка партија, исклучен од членствотото во 2014 година, а потоа ја основа АБВ, зборува за клулните проблеми со Македонија, а меѓу нив, секако е – чиј е Гоце Делчев? И, зошто македонската страна предложила 7 октомври да биде заеднички празник за одбележување?

Според Прванов, „тоа е груба провокација“.

Се раѓа антибугарски македонизам во најгруба форма“, вели Прванов.

Тој смета дека дел од проблемот лежи во договорот за пријателство, кој не го реши проблемот со општата историја, „како тоа што го направија Грците“ и оти тој проблем е префрлен врз една комисија којанема мандат за такво нешто.

Прванов, кој по образование и диплома е историчар, вели дека проблематично е и прашањето со Цар Самуил, кој македонската страна признала дека е тој бугарски цар, но не и дека во тој период „населението во Македонија имало бугарско чувство“.

За мене клучот на решението е да држиме до тоа дека Илинденското Преображенско востание е бугарско по својот карактер, затоа што населнието има бугарско сознание, зашто такви се целите на внатрешната револуционерна организација…Ако тоа се реши, назад во историјата очигледно процесите имаат бугарски карактер“, вели Прванов.

Интересно, но и Прванов не чепка во Втората светска војна и оти треба Софија да се дистанцира од нешто што би можело во Скопје да се подразбере како „обид да им се одземе современиот идентитет“.

Во врска со аспирациите за члентво во Европската унија, Прванов е со став дека „апсолутно нашата поддршка за во ЕУ треба да биде условена“.

 

Порака и до Нацовски

Прванов одговара и на прашањето поврзано со неодамнешната изјава на оперскиот пејач Благој Нацоски кој рече дека бугарската држава најпрвин треба да се извини за окупацијата и да им се поклони на жртвитем, нашто Прванов вели дека „за сега такви изјави нема од официјални лица“.

Но, сепак, тој му одгвара на Нацоски.

Да му кажам на почитуваниот Нацоски дека јас ќе положам цвеќе на гробот на младите загинати (убиените во Ваташа н.з.) за време на Втората светска војна, но тоа беше тешка идеолошка битка во која нема ништо етничко, ништо национално. Во Бугарија загинаа илјадници млади од куршумите на фашистичката власт…Да го осудиме насилството и пред и по 1944 година, но да не ги мешаме темите“, вели Прванов.