Преку Превентивната програма за ХИВ на Министерството за здравство, во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно, се обезбедуваат бесплатни услуги од дерматолог, гинеколог, психолог и бесплатна контрацепција и терапија за сексуално преносливи инфекции (СПИ), поддржани од Клиниката за дерматологија, Клиниката за психијатрија и Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од Министерството за здравство информираат дека во овој центар, граѓаните можат бесплатно и доверливо да направат гинеколошки прегледи и советувања, дерматовенеролошки прегледи, тестирање за ХИВ, психолошки советувања, врсничка едукација/едукација со педагог, дистрибуција на кондоми и едукативни материјали и советувалиште за превенција од употреба на дроги.

Услугите се одвиваат во однапред определен фиксен термин во времетраење од 3 часа, почнувајќи од понеделник до четврток.