Повеќе од 20 производители на вино со повеќе од 100 етикети, ќе се претстават на првото издание на „Боемскиот вински салон“ во Битола и ќе им понуди на љубителите на доброто вино можност за дегустација на вина направени со страст.

Прозиводителите ќе ги презентираат нивните вински приказни и ќе понудат на дегустација вина направени со страст, со што ќе направат чекор кон градење на винската култура во нашиот регион,  едукација за значењето на поднебјето, за зачувувањето на локалниот биодиверзитет во лозјата, техниките на производство на вино и зачувувањето на животната средина.

Салонот ќе се одржи на 27 декември (четврток) во холот на Народен театар Битола со почеток од 15 часот. Организатор на салонот е конвивиумот  „Слоу Фуд Битола“, со поддршка на Општина Новаци,  ЈП Водовод, Битола, Горска вода, Бабук, ЈП Пазари, Битола и Народен театар Битола..