Судот му одреди притвор и на возачот на автобусот на „Дурмо турс“ за автобуската несреќа во која животот го загубија 15 лица.

Предтходно притвор беше одреден и за сопственикот на „Дурмо Турс“, како првоосомничен за автобуската несреќа кај Ласкарци. Притвор доби и раководителот на фирмата кој е второосомничен.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за шест лица и мерки за претпазливост за едно лице, кои денеска беа спроведени во судот, судија на претходна постапка по произнесување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот , донесе решенија со кои : За Д.Б. Р.М. и М.Т го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП. За И.Ѓ. , Г.Д. и Ј.Б. го одби предлогот на обвинителството за определување мерка притвор со тоа што на И.Ѓ. и Г.Д им определи мерка куќен притвор, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1, 2 и 3 од ЗКП, додека на Ј.Б. му определи мерки на претпазливост и тоа Одземање на патан исправа а, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска повремено да се јавува на службено лице во судот и Забрана за вршење на работни активности. За В.Г. го прифати предлогот на обвинителството за определување мерки за претпазливост. Против овие решенија, странките имаат право на жалба“, информираат од Судот.