Одговорноста за фер избори останува на власта бидејќи таа ги организира, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на МТВ.

И за референдумот се велеше дека ќе е кристален чист, па се случи тоа што се случи. Така што сомнежот останува. И тука е одговорноста на власта, власта е таа која што треба да ги организира изборите, појасни Николоски.

Николоски е убеден дека Пендаровски ќе ги загуби претседателските избори и се надева дека во најкус можен рок ќе се случат предвремените парламентарни избори.

Јас во однос предвремени избори го следам она кое што го кажа Зоран Заев. Тој денеска спомена дека доколку Стево Пендаровски изгуби, Владата ќе падне и ќе се случат предвремени избори. Еве да го држиме за збор, Пендаровски ќе изгуби на претседателските избори и се надевам дека Заев ќе си го одржи зборот. Односно победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори значи пад на владата на Заев и значи вовед во парламентарни избори кој што се надевам ќе се случат во најкус можен рок, вели Николоски.