На лидерската средба која претседателот на државата, Стево Пендаровски, за денеска во 17.00 часот ја закажа во неговиот Кабинет на „Вила Водно“, пристигнаа сите поканети лидери.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети прв пристигна во вила Водно на лидерската средба што ќе се одржува на покана на претседателот Стево Пендаровски.

По Ахмети, на средбата пристигнаа и претседателот на Движење Беса, Билал Касами, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Меѓу последните кои пристигнаа беа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во вила „Водно,“ иако ненајавен, пристигна и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Се очекува лидерите да разговараат за актуелната состојба по недонесувањето на одлука за датум за почеток на претпристапните преговори со ЕУ и за предлогот на премиерот Заев за одржување на брзо предвремени парламентарни избори.