Tешка сообраќајка се случи попладнево околу 17 и 30 часот на раскрсницата кај Универзитетска библиотека, спроти трговскиот центар „Мавровка“.

Фото Пресинг ТВ

Во неа учествуваа три возила,  а поради сериозноста на повредите кај возачите пристигна и брзата помош. Не се знае која е причината за сударот, но се претпоставува дека едно од возилата сакајќи да се престрои не држел растојание пред другите автомобили, при што се нанесени сериозни оштетувања.