Денеска во Велес се регистрирани четири нови случаи од „Ковид 19“ 4 , соопшти градоначалникот на општина Велес Аце Коцевски. Тој објасни дека до сега во Велес има вкупно заболени 137 лица, од кои 10 се починати.

– Денеска ќе биде објавено дека има 4 нови позитивни велешани. Двајца од нив се членови на исто семејство, еден е припадник на граничната полиција, од оној случај во Гевгелија со странскиот државјанин, и еден е од градската болница во Скопје и кластерот е од таму, истакна Коцевски.

Но при соопштувањето на официјалните податоци министерот Филипче соопшти дека во Велес има само двајца новозаразени.

Се поставува прашањето дали Филпче ги „штима“ бројките на заразени за да се намали бројката во пресрет на изборите на кои СДСМ сака да оди.