Претседателот Ѓорге Иванов ќе ја исполни својата уставна обврска во текот на 2018 година. Согласно член 85 од Уставот на Република Македонија, Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Како и досега, така и во иднина, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ќе постапува единствено и исклучиво согласно Уставот и законите на Република Македонија.
Ова е одговорот на прашањето на Пресинг Тв дали шефот на државата ќе го одржи своето годишно обраќање пред пратениците, дилема што произлезе по денешниот брифинг на спикерот Талат Џафери.
Ако Кабинетот на претседателот на државата на време не испрати барање кога планира да се обрати во Собранието, може за него да нема термин, рече Џафери на средба со новинарите.
Според него, Собранието овој декември има засилена активност, не само поради седницата на која што се носи Буџетот за идната година, туку и поради седницата на која треба да се гласаат уставните измени согласно Договорот со Грција за промена на уставното име во Република Северна Македонија.
Кабинетот на претседателот потврди дека Иванов ќе го одржи годишното обраќање, но не наведува кога ќе биде испратено барањето за тоа.
Comments are closed for this post.