По наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово бил извршен претрес во фирмата „Инвоука гроуп“ која победи на тендерот за софтверот за сообраќајни прекршоци поврзан со поранешниот генерален секретар, Драги Рашковски.

Обвинителката Вилма Русковска за Фокус потврди дека се вршат претреси, но не во домот на Рашковски туку во седиштетот на фирмата. Русковска вели дека имало и други претреси, но не открива во кои други субјекти.

Сторијата за набавка на софтверот ја објави „360 степени“, односно дека Рашковски како генерален секретар набавил софтвер за сообраќајни прекршоци во вредност од 81.000 евра, за потребите на Министерството за внатрешни работи, а оттаму, пак, велат дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им треба.

Шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, за „360 потврди“ потврдила дека во моментот прибираат докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот генсек на Владата, Драги Рашковски.