За само неколку часа откако почна граѓанската поддршка за претседателската кандидатура за Гордана Силјановска Давкова, дадени се околу 14.000 потписи, дознава Пресинг ТВ. Тоа е сосема доволно Силјановска уште во понеделник да ја извести ДИК дека се собрани потребните 10.000 потписи од граѓани за поддршка за кандидатурата на претседателските избори.

Со ова професорката Силјановска Давкова ја има подршката и од ВМРО-ДПМНЕ, но и од 10.000 граѓани и во момернтов е најсериозен канидат кој ги преминва меѓупартиските линии.

Денеска масовно граѓаните на Скопје, Охрид, Тетово, Прилеп и Кавадарци се потпишуваат за поддршка на Гордана Силјановска.

Инаку професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.

Претходно вчера таа на својот Фејсбук профил напиша:

„Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи“, информираше Силјановска.