Добро утро на сите освен на Артан Груби. Од Вицепремиерот задолжен за ништо во владата, очекувам до пладне да ѝ се извини на македонската јавност за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата која тој ја организираше со народни пари, вели Љупчо Пренџов пратеник од коалицијата „За обнова на Македонија“ во свој ФБ статус.

Тој вели дека очекува комплетна информација за тоа кој свиркал, зошто свиркал и кој ги потткнал да го прават тоа.

– Во оваа држава даноци плаќаат и Македонци и Албанци, но и Турци, Власи, Роми, Срби… Настани организирани со народни пари (од сите) кога ќе завршат на начин како овој деновиве, несомнено мора некој да сноси морална политичка одговорност. Ајде Артане покажи ги твоите ЕУ вредности со тоа што ќе поднесеш оставка и ќе дадеш пример на твоите другарчиња од прославата која ти ја организираше, дека такви девијантни појави не смеат да се случуваат во “едно општество за сите”, напиша Пренџов.