На социјалните мрежи се појавија нови фотографии од вилата на Халкидики за кои бугарскиот портал BIG5  тврди дека е на Зоран Заев. На фотографиите се гледа дека се работи за навистина луксузна куќа веднаш до морето во елитниот комплекс „Вила Агониси“.

Вилата има базен, лежалкиголема тераса и гаража за возен парк.На една од фотографиите се гледа и возило со струмички регистарски ознаки.

До вилата се стигнува со посебна пaтека.

Според истите медиуми, имотот не е регистриран на име на премиерот Зоран Заев, туку најверојатно на име на неговиот брат или некоја од неговите фирми во Македонија.

Иако неповикана, Владата вчера демантираше дека Зоран Заев има имот на негово име во Грција, но не и дека некој во негово име поседува имот на Халкидики.