Предметот “Моќник” влезе во судница, но поради отсуство на обвинети и на нивни бранители заради заболеност од Ковид-19 или самоизлоација, денеска беше одложен.

Во предметот се обвинети 13 лица, меѓу кои пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, неговиот татко, ексградоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војнески, како и членовите на поранешната комисија за лустрација.

Според обвинението, тие сториле кривични дела измама и злоупотреба на службената положба.

Обвинети се дека спровеле незаконска продажба на објект во кој била сместена администрацијата и градоначалникот на општина Пласница. Подоцна, како што се наведува во обвинението, Милошоски побарал од претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, и лустрирање на судија од Кичевскиот суд.