Денеска во Собранието започнува втората фаза од промена на Уставот како обврска од Договорот од Преспа.
Оваа предвидува по три расправа за секој од четирите амадмани, одосно максимални 12 дена за дебата. Но, вчера претседателот на Собранието Талат Џафери истакна оти се надева дека нема толку да се одолговлекува и дека целата процедура ќе трае околу пет дена.
Владејачкото мнозинство може да биде релаксирано бидејќи оваа фаза се носи со 61 пратеник и речиси е сигурно дека ќе биде изгласано.
Но ,ќе биде интересно да се види дали за нив ќе гласаат осумтемина пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од независната група и дали нив ќе им се придружат уште неколкумина.
Уште повозбудливо ќе биде и она што ќе се случува пред Собранието.Таму напладне ќе има протест во организација на Иницијативата „Македонија блокира“.
Тие повикикуваат на голем сенароден македонски митинг за одбрана на Уставот.
Нивните главни барања се распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер.
Comments are closed for this post.