На улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, вчера околу 15:40 часот 40-годишниот Т.Н. од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во 87-годишниот пешак А.Б. од Македонска Каменица.

По ударот, А.Б. починал на местото на настанот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.