Франција ги извести оваа седмица останатите држави на Европската унија дека засега се противи за отпочнување на преговорите за членство за Македонија и Албанија, велат дипломатски извори за Ројтерс.
Повеќе од половина од 28-те земји-членки на ЕУ, како и нејзините највисоки претставници во Брисел, вршат притисок да ги наградат двете балкански држави за реформите со тоа што ќе се постигне согласност да започнат разговори за пристапување во ЕУ.
Тие предупредуваат дека Русија, Кина или Турција може да ги искористат предностите на „стратешкиот вакум“ во проблематичниот регион доколку ЕУ не успее да создаде опиплива перспектива за тамошните земји.
Од Париз велат дека ЕУ сега се соочува со премногу предизвици за да дозволи уште две држави од Балканот, регион кој сè уште е исплашен од војните водени во 90-тите години и се бори со криминал и корупција. Франција вели дека ЕУ треба прво да се реформира одвнатре за да се справи и обедини за решавање на проблемите, како што се климатските промени и миграцијата, и дека двете држава треба да спроведат понатамошни реформи пред да може да започнат преговору си ЕУ.
– Тие сè уште не се таму каде што треба. Бараме од нив да направат дополнителни напори“, рече француски официјален претставник. „Преговорите не можат да се отворат во октомври 2019 година, ќе треба да ја преиспитаме ситуацијата некаде во 2020 година.“ Едногласност меѓу 28-те земји-членки е потребна да започнат преговори за пристапување.
Министрите на ЕУ ќе разговараат за ова прашање во вторник во Луксембург пред лидерите на државите членки да се состанат во Брисел на самитот на 17-ти и 18-ти октомври. Овој потег веќе беше одложуван повеќепати. „Ова е многу фрустрирачко за повеќето земји-членки. Нашиот кредибилитет е во прашање“, рече дипломат од земја која е подготвена да ги отвори вратите за кандидатите од Западен Балкан.
Comments are closed for this post.