Повреден е 55-годишен рудар во рудникот за олово и цинк  „Саса“ од Македонска Каменица.

Портапролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, го потврди настанот и вели дека несреќата се случила во 6.30 часот во рударска јама, при што рударот бил притиснат на градниот кош од рударска машина.

Веднаш на самото место е пристигната Итната медицинска помош од Македонска Каменица, по што рударот е хоспитализиран, прво во Кочанската болница, а потоа во Штипската клиничка болница.

За настанот известен е јавен обвинител од Делчево и државен трудов инспектор кои треба да извршат увид на местото на настанот во рудникот „Саса“ во Македонска Каменица. Повеќе детали се најавуваат во текот на денот.