На барање на ОМО Илинден Пирин“ од Бугарија, претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе прими Maкедонците кои живеат кај источниот сосед. Се уште не е утврден точниот термин за средба.
Ова е позитивен чекор од страна на шефот на државата конечно да се информира и загрижи за нашето малцинство во Бугарија. ОМО Илинден Пирин“ пред судот за човекови права во Стразбур има добиено десетина пресуди против држава Бугарија но таа одбива да ги спроведе.
Во последно време претседателот на Бугарија Румен Радев има редовни средби со претставниците на македонските Бугари.
Comments are closed for this post.