Изутринава во земјава е облачно со локални врнежи од снег, само во Гевгелија имаше слаби врнежи од дожд. Дуваше умерен, на места засилен северен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина над 40 км/ч.

Висината на снежната покривка во Попова Шапка достигна до 26 центиметри, во Пожаране 16 центиметри и 10 центиметри во Крива Паланка, Маврово и Тетово. Најмногу дожд ноќеска наврна во Пожаране, Маврово, Тетово и Скопје.

Најладно беше во Маврово, -7 целзиусови степени, а најтопло во Дојран беше 2 целзиусови степени.