Пописот во април ќе биде теренски

27.09.2020 / 10:45


Пописот во април ќе биде теренски, со комбинирано користење на податоци од регистри. Македонија се уште не е подготвена, наместо со попис, сите релевантни податоци од државата да ги собира преку државните институции затоа што тие не се комплетно функционални.

Таков систем прво вовела Данска, но бил прифатен и во Исланд, Италија, Финска, Холандија и Шведска. Во време кога имаме слаби државни регистри, ќе биде ли комплетен овој попис? Бизнис заедницата од поодамна бара итен попис. Закажан е за април догодина.

Првиот човек на Државниот завод за статистика вели дека потребата да се направи пописот е итна,  бидејќи сите статистички истражувања се од истражувања од последниот попис кој пак беше во 2002 година.

Самите излезни резултати кога се пресметуваат како одредени индикатори по жител, на пример БДП по жител, стапки на наталитет, морталитет итн., бидејќи немаме одамна попис, а проценките кои што ги правиме се врз основа на административни податоци и не покажуваат реална состојба на населението, бидејќи недостасуваат миграциите, недостасува иселувањето во странство, што за жал, тешко или поточно невозможно е да се следи статистички и административно. И така ние фактички делиме со поголема маса на население одреден податок за да добиеме некаков индикатор, кој што во суштина е помал од она што е реалната вредност на тој индикатор – вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика за Сител.

Бизнисот, пак, веќе од поодамна бара да се направи попис на населението. Со години се тврди дека тоа што немаме реална ситуација ја поткопува и економијата.

Пописот е важен бидејќи е подлога за секаков вид економска проекција. Од кога го немаме, прашање е дали тие проекции имаат реална основа – вели Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Сиљановска-Давкова за обвинувањата од СДСМ: Секогаш сум ги бранела националните интереси, она што го посакувам е да бидеме третирани како сите други држави

пред 18 часа
Интервју со политичкиот аналитичар

Мицковски: СДСМ се лошо се советувани, особено лидерот на партијата

пред 19 часа
Македонија

Мицковски: Екипата на Заев владее со СДСМ

пред 2 дена
Македонија

Македонија лидерот во реформите: ЕУ одобри 65,7 милиони евра – најмногу во регионот

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Oсмани го боли само за албанскиот јазик, за македонскиот се пазари со Бугарија

пред 2 дена
Македонија

Бујар сега е важен како пешачки во Чаир

пред 3 дена
Македонија

Борци за правосуден испит: На кој факултет се „студентите“ Хашим Тачи и Кадри Весели?

пред 3 дена
Македонија

Филипче: Политиката може да биде чесна професија

пред 3 дена
Македонија

Ципрас, другарот на Заев се враќа во политиката со нова партија

пред 3 дена
Македонија

AИ Венко ќе почне да користи вештачка интелегенција

пред 3 дена
Jojobet GirişmeritbetmeritbetcasibomJojobetcasibomJojobet GirişjojobetjojobetjojobetcasibomPokerklasPokerklasJojobet GirişcasibomHoliganbet GirişOnwin Girişbetcio girişCasibom Girişhttps://www.hoteltarobafoz.com.br/