Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во врска со можната амнестија вели дека ако сакаме да се гради правна држава не може да си играме судии и обвинители.

Тој притоа посочува дека помирување ќе има ако тоа се однесува на сите.

Може да има помирување ако се однесува на сите. Тие се неискрени, немаат искрени намери. Ако имаа искрени намери ќе дозволеа да се отвори предлог законот и ќе интервенираа со предлог амандмани. Како што тргнало ќе им требаат две години да го завршат овој процес или пак ќе го одовлекуваат и кочат и да го условуваат со уставните амандмани и намерно да ги држат во џеб останатите пратеници рече Јанушев за Телевизија 24.