Бугарија ќе ги признае македонскиот јазик и македонскиот идентитет ако Северна Македонија признае дека таа историски произлегува од бугарски корени. Таков компромис вчера предложил бугарскиот амбасадор во ЕУ, Димитар Цанчев, на заседанието на советот на амбасадори во Брисел. Ова денеска го соопшти електронското издание на „Политико“, повикувајќи се на „висок дипломат“, пишуваат бугарските медиуми.
Според „Политико“, предложениот договор е следен-„Бугарија ќе го признае македонскиот како еден од официјалните јазици на државата, а исто ќе го признае и македонскиот идентитет. За возврат, Северна Македонија ќе треба да ја признае „историската вистина“ како што е дефинирана од Софија и да прифати дека постојат бугарски историски корени врз кои се создадени македонскиот идентитет и официјалниот јазик“.
Вчера и бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, изјави дека „како што ние ја признаваме реалноста, така и тие треба да го признаат минатото“.
Comments are closed for this post.