Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, синоќа објави дека е позитивен на коронавирус.

Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација. Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте. Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме. Стоп Ковид-19!, напиша Забрчанец.