Во еден дел од разговорот со руските комичари кои се претставуваат како претседателот на Украина Петро Порошенко, се вмешува и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Лажниот Порошенко му вели на Заев дека господинот Столтенберг сака да го слушне а македонскиот премиер веднаш прифаќа.

Разговорот меѓу Заев и лажниот Столтенберг се води околу загриженоста на Генералниот секретар за руското влијание во Македонија како и за нашето членство во НАТО.